Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку искажа голема почит кон тренерот Антонио Конте со кого клубот од Милано ја обезбеди шампионската титула.
Ќе се борам до смрт за Конте. Не успеавме да работиме заедно во Челзи, но јас секогаш мислев дека ќе бидам подобар по напуштањето на Манчестер јунајтед. Конте јасно ми рече: „Ако не работиш на тренинг, нема да играш. Во текот на целата кариера, многу е важно да запознавате луѓе кои искрено ќе ви кажат сè, изјави Лукаку.
Интер стана шампион на Италија за сезоната 2020/21 четири кола пред крајот на првенството. Лукаку во тековната сезона одигра 33 натпревари, постигна 21 гол и 10 асистенции.