ФУДБАЛ

Лукас Подолски ги заврши сите шпекулации околу новиот тим

Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски ги запре сите шпекулации за неговата кариера.

Искусниот 34-годишен напаѓач потврди дека ќе стане нов член на турскиот тим Анталијаспор и ќе потпише едно ипол сезонски договор со клубот.

Изминатите три години Подолски играше во Јапонија за Висел Кобе. Како и да е, тој очигледно се засити од фудбалот на далечниот исток и се врати во Европа.

Искусниот фудбалер се поврзуваше со многу тимови. На крајот се реши за Анталијаспор и ќе стане член на овој тим.

Овој фудбалер ја започна својата богата кариера во Келн и играше за Баерн, Арсенал, Интер и Галатасарај.