ФУДБАЛ

Лукас Подолски се враќа таму од каде што започна

Поранешниот германски репрезентативец ќе се врати во Полска.

Подолски доби бројни понуди од Турција и Катар, потоа Кверетаро и Форталеза, но тој реши да се врати во клубот каде што израсна како играч.

Фабрицио Романо објави дека Подолски е во преговори со Горник и наскоро би можел да стане член на клубот во градот каде што е роден.

Во кариерата играше за Келн, Баерн, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Коби, а последниот ангажман беше во турски Анталијаспор.

Долги години беше член на германската репрезентација со која го освои Светското првенство во 2014 година. Од значајните клупски трофеи, тој ја освои Бундеслигата со Баерн и Купот на Германија, потоа ФА купот со Арсенал и Купот на Турција и Суперкупот како играч на Галатасарај.

ПОВРЗАНО

Бундеслига