ФУДБАЛ

Мадрид гори: Фудбалерите на Реал ги дочека спектакл кој не го паметат (ВИДЕО)

Вечерва во Мадрид се игра реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид ќе го угости Манчестер Сити, а во првиот натпревар англискиот тим победи со 4:3, па ќе имаме вистинско уживање и голема борба за финалето, каде победник ќе биде Ливерпул.

Реал веќе ја освои титулата во Шпанија, а навивачите решија вечерва да им приредат вистински спектакл.

 

На улиците кои водат до Сантијаго Бернабеу имаше неколку илјади навивачи кои со песни и факели го придружуваа автобусот со своите фудбалери кои се упатуваа кон стадионот.

Сити вечерва ги очекува пеколна атмосфера, а нема сомнеж дека навивачите ќе бидат голем ветер зад Кралевите.

 

Познати се и екипите кои вечерва ги изведуваат Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола:

 

Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Начо, Крос, Бензема, Модриќ, Касемиро, Валверде, Винисиус Јуниор, Менди.

 

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Рубен Диас, Хесус, Лапорте, Родри, Де Брујн, Бернардо Силва, Марез, Кансело, Фоден.

 

Судија на вечерашниот натпревар е Италијанецот Даниел Орсато.