ФУДБАЛ

Маестро Илкај Гундоган! Сити ја заврши работата во Ливерпул, „пчели“ лесни со Вест Хем!

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа тимот на Евертон во Ливерпул со резултат 3:0.

„Граѓаните“ денеска ја оправдаа улогата на фаворити и ја задржаа предноста од четири бода во поредокот во однос на второпласираниот Арсенал.

Одбраната на „карамелите“ траеше 37 минути, толку време му требаше на Илкај Гундоган да се најде во срцето на противничкиот шеснаесетник на начин на најдобрите светски техничари и да го доведе својот тим во водство .

Две минути подоцна, Германецот беше асистент на Ерлинг Халанд, кој само се „поклони“ со глава и ја смести топката во мрежата на Пикфорд .

Дека Гундоган игра во форма на својот живот потврди и детал од 51. минута кога со мајсторски слободен удар го постигна вториот гол на овој меч .

Брентфорд го доби малото градско дерби на домашен терен против Вест Хем со резултат 2:0.

Сè беше речиси практично веќе по првите 45 минути, Брајан Мбеумо ги доведе „пчелите“ во водство во 20. минута , а во 43. Жоан Виза ги постави, како што се покажа подоцна, конечните 2:0 .

Брентфорд со оваа победа скокна на деветтото место на табелата во Премиер лигата со 53 бодови, додека Вест Хем е 15-ти со 37.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига