КОШАРКА

Магдевски потпиша за холандски клуб

Само неколку дена откако го напушти МЗТ Скопје, Андреј Магдевски има нов клуб. Тој потпиша договор со Донар Гронинген од Холандија. Не се откриени детали, но неговото деби се очекува во среда, откако ќе биде средена работната виза, бидејќи не доаѓа од земја членка на ЕУ.

Го избрав Донар затоа што е голем клуб со одлична организација. Покрај тоа, сакам да играм за тим со најголеми очекувања, вели Магдевски, за

Во својата кариера Магдевски освен во редовите на МЗТ Скопје настапуваше и за Партизан, Аксарквија, Плоешти, Гостивар и Фени Индустри.

 

ПОВРЗАНО

МЗТ