Големо изненадување на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
Во првиот натпревар од групата Д, Шериф Тираспол на домашен терен го совлада Шахтар од Доњецк и ја напиша историјата на молдавскиот фудбал, можеме да кажеме спорт.
Ова е прва победа на молдавски клуб во групната фаза од Лигата на шампионите и секако една од најголемите победи гледајќи го молдавскиот фудбалски клуб и репрезентацијата воопшто.
Шериф поведе со одличниот гол на Траоре од 1-0 во 16-та минута, асистент беше Кристијано.
Кристијано одигра одличен натпревар и повторно беше асистент во 62. минута, овој пат мрежата на Рударите од Доњецк ја затресе Јансане.
Немаше голови до крајот на натпреварот и Шериф постигна големи три бода во една магична ноќ за молдавскиот фудбал, додека Шахтар направи огромен чекор наназад кога е во прашање борбата за презимување во Европа, со оглед на тоа што Реал Мадрид и Интер се во оваа група.