ФУДБАЛ

Магија на Салах и хет-трик на Фирмино за „петардата“ на „црвените“

По репрезентативната паузата, Ливерпул продолжи да демонстрира сила во Премиер лигата.

Во првиот натпревар од осмото коло, „црвените“ гостуваа кај Ватфорд и ги победија домаќините со 0:5.

Се започна во деветтата минута кога Салах го ангажираше Мане со феноменална асистенција кој погоди за 0:1.

Во 37. минута, уште една добра акција на Ливерпул, Милнер влезе од втор план, ја врати топката во шеснаесетникот на Ватфорд, а тука беше Фирмино кој погоди за 0:2.

Фирмино одличниот меч го круниса со гол во 52. минута од натпреварот, а две минути подоцна нова магија на Мохамед Салах. Египјанецот исфрли четворица играчи на Ватфорд и мајсторски го погоди далечниот агол на голманот Фостер за 0:4.

Феноменалната игра на „црвените“ беше заокружена со голот на Фирмино во 90. минута и неговиот хет-трик.

Ливерпул на тој начин се врати на лидерската позиција со 18 поени и гол разлика 21:6, со два бода повеќе и натпревар повеќе од првиот соиграч на Челзи, кој вечерва гостува кај Брентфорд во лондонскиот дуел.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига