ФУДБАЛ

Магијата на Халанд за пресврт на Манчестер Сити, Челзи продолжи како и досега со нов тренер

Се одиграа натпреварите од 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

 

Манчестер Сити победи на домашен терен против Борусија Дортмунд, додека Челзи ремизираше дома со Салцбург.

 

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Борусија беше заборавно за двете екипи.

Ниту еден тим не создаде сериозна шанса, но се се промени во вториот дел, а видовме многу подобар фудбал.

 

Белингем го шокираше Етихад во 56. минута кога погоди на асистенција на Ројс за водство на гостинската екипа.

 

Гостите имаа водство до 80. минута, но потоа се разбуди Манчестер Сити, а се разбуди и Ерлинг Халанд.

Најпрвин Стоунс израмни на 1:1 во 80. минута на асистенција на Де Брујн, а потоа магичниот, неверојатен Ерлинг Халанд им донесе победа на домашните.

 

Тој постигна гол на неверојатен начин во 84. минута на асистенција на Кансело и го постави конечниот резултат за овој натпревар.

 

Дебито на Потер на клупата на Челзи не помина најдобро. Имено, неговиот тим одигра нерешено против Салцбург.

 

Во првото полувреме на овој натпревар немаше голови, а водечкиот гол го постигна Челзи во 48. минута. Стрелецот беше Стерлинг.

 

Гол вреден еден бод за гостите постигна Окафор на асистенција на Адаму во 75. минута.