Мајк Тајсон ќе има голем предизвик следниот месец.
„Дискавери“ објави дека нивниот гостин за оваа година на „Неделата на ајкулите“ ќе биде Мајк Тајсон, и овој пат тие најавија судир помеѓу Железниот човек и ајкулата.
Оваа телевизиска станица има една недела посветена на ајкули секоја година. Овој пат гостин е Мајк Тајсон, а со оглед дека годинашната програма беше најавена како Тајсон против Јавс, се верува дека Тајсон ќе „се бори“ со ајкулата.
Who you got in @MikeTyson vs. Jaws?
The heavyweight champ joins #SharkWeek August 9 on @Discovery. pic.twitter.com/Ffq6IkRlY9
— Shark Week (@SharkWeek) July 15, 2020
Веќе е откриено дека битката ќе се одвива под вода. Ќе ја објави познатиот најавувач Мајкл Буфер, а епизодата треба да се емитува на 9 август.
“Заедно со познатиот најавувач Мајкл Бафер, двата натпреварувачи тешка категорија ќе се сретнат под вода, каде Мајк Тајсон ќе се обиде да исфрли огромна ајкула. Сè за цел на истражување. И нема грижи, нема ајкули повредени за време на снимањето”, рекоа од Дискавери.
Останува да се види како изгледа сето ова.