ФУДБАЛ

Мајката го советува синот да не оди никаде, а за него Реал Мадрид покажа силна желба

Младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло би можел да направи животен трансфер ова лето.

21-годишниот игра навистина фантастично во дресот на римски клуб, но незгодна повредата на коленото го тргна од терените неколку месеци и тој во моментов е во фаза на закрепнување.

Иако не игра долго време, Заниоло е баран од големите европски клубови, а според шпанските медиуми, Реал Мадрид сака да го донесе ова лето.

Кралскиот клуб со години воведува талентирани млади фудбалери. Заниоло би можел да биде следен, а тие ќе треба да издвојат 50 милиони евра за него.

https://www.instagram.com/p/B2m4nH8gs7w/?utm_source=ig_embed

Покрај Реал, за неговите услуги е заинтересиран и Јувентус, но неговата мајка Франческа Коста тврди дека за него би било најдобро да остане во Рома.

„Знам дека во Рома му е убаво, навивачите го сакаат и засега нема подобро место за него. Сите сме среќни во Рим“, рече атрактивната Франческа.

Останува да се види дали тој ќе ја послуша својата мајка или сепак ќе одлучи да го напушти Рим.