ФУДБАЛ

Мајсторијата на Салах од друг агол: Уметноста на фудбалот и совршенството во еден потег (ВИДЕО)

Мохамед Салах игра во неверојатна форма и е еден од главните кандидати за освојување на Златната топка.

Тој постигна голови на последните девет натпревари на Ливерпул во сите натпреварувања, а некои беа во вистинска мајсторија.

Така Салах постигна феноменален гол минатиот викенд во триумфот против Ватфорд со резултат 0:5, по маестрален дриблинг.

Посебна убавина од друг агол на голот му даде и еден од навивачите на Ливерпул на стадионот. Видеото најдобро покажува колку навистина е фудбалот и едноставната игра кога вистинските уметници играат со топка.

Погледнете како тоа изгледаше: