Поранешниот фудбалер на Работнички, Душан Филимановски, дефанзивец, кој рано почна да гради интернационална кариера, следната сезона ќе настапува за Земун.
Филимановски пред две години беше под договор со Беневенто од Италија, каде играше во трета лига. Тој во Земун заминува како слободен играч и се очекува како големо засилување за претстојната сезона, во Јелен Лига.
Душан претходно беше дел од Кавала, Безанија, Металац па дури и од Црвена Звезда.
