Македонскиот стратег Југослав Тренчовски доби доверба да го предводи сениорскиот тим на Ал Араби. Тој минатата сезона беше дел од академијата на најпознатиот кувајтски клуб, а квалитетната работа беше најдобра препорака за него да добие шанса да го води и сениорскиот погон.
Ал Араби лани имаше лоша сезона, заврши на седмата позиција, а Тренчовски ќе има задача да го врати на шампионските патеки. Во својата кариера, Тренчовски бил тренер на Академија Пандев, Беласица, Кожув и Хоризонт Турново. Беше и селектор на македонската репрезентација за играчи до 19 години.