Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума го поминува можеби најлошиот период во кариерата.
Откако летово постигна голем успех со Италија со освојувањето на Европското првенство, каде беше прогласен за најдобар голман, следуваше трансфер од Милан во ПСЖ.
Со францускиот „дрим тим“ тргна во поход кон толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите за тој клуб, но оваа сезона можам да заборави на тоа.
Се беше во ред до средината на вториот дел од реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
ПСЖ имаше вкупно водство од 0:2, но потоа се појави фантастичниот Карим Бензема кој со три гола го исфрли од конкуренцијата.
Следеше нов тежок пораз за ПСЖ и три нови гола во мрежата на Донарума, тие беа поразени во дербито од Монако со 3:0, но со оглед на тоа дека најверојатно ќе ја освојат Лига 1, тоа нема да биде проблем за Џиџи.
Најтешкиот удар дефинитивно го доживеа пред две вечери.
Неговата Италија ја пречека нашата Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Палермо и беше голем фаворит, но исто како и во 2017 година само еден гол беше одлучувачки во плеј-офот и Аѕурите нема да го видат Светското првенство, втор пат по ред.
По 32 обиди на Италија, од кои 16 блокирани од борбените Македонци, Александар Трајковски извлече еден удар во 92. минута кој заврши зад Донарума за шок во Италија.
Дефинитивно ќе му треба многу време да се опорави од емотивните шокови кои во последно време ги троши на голот на ПСЖ и Италија.