Репрезентацијата на Македонија се искачи на повисока позиција на октомвриската ранг-листа на ФИФА.
После победата на Словенија во Скопје и поразот од Полска во Варшава, репрезентацијата на нашата земја во најновата ранг-листа на ФИФА се наоѓа на 68-то место со 1.344 бодови.
Белгија и понатаму е лидер пред Франција и Бразил, а во првите 10 се репрезентациите на Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија Аргентина и Колумбија.
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 28 ноември.