Македонската ракометна репрезентација успеа да забележи победа на третиот контролен натпревар пред да замине на Европско првенство (ЕП). Овој пат во Скопје совладана е селекцијата на Израел со 31:28.
Утре попладне од 18:00 часот двете репрезентации ќе одиграат уште еден контролен натпревар, за нас последен пред дебито со Словенија на Европското првенство.