Вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација го совлада Лихтенштајн со 4:1, и со тоа ја продолжи победничката серија во Лигата на Нации. Што е најважно, овој триумф во голема мера значи дека Македонија ќе го освои првото место на табелата, со оглед на поразот на Ерменија од Гибралтар на домашен терен нешто порано.

Македонија во водство ја донесе Трајковски. После убава акција, репрезентативецот успеа да излезе сам и да ја донесе домашната селекција во водство. 2:0 беше во 30 минута, и повторно стрелец Трајковски откако после добра акција од десната страна стрелаше во гостинската мрежа. На 3:0 пет минути подоцна зголеми Горан Пандев кој исто така беше стрелец по убава акција.
Меѓутоа во 37. минута Лихтенштајн преку Јилдиз успеа да намали на 3:1, резултат кој беше на полувремето.
Во вториот дел во 67. минута Алиоски се проби по десната страна, и стигна на 5-6 метри од голот од каде успеа да погоди во голот на противникот, што беше и последен гол на овој меч.
Доколку беа искористени дел од многуте шанси, победата можеше да биде поубедлива.

ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА Д4, РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Ерменија – Гибралтар 0:1
Македонија – Лихтенштајн 4:1
ТАБЕЛА:
- Македонија 9
- Лихтенштајн 3
- Ерменија 3
- Гибралтар 3
Извор: ТВ21