ФУДБАЛ

Македонија ќе добие нов селектор, Благоја Милевски ќе го замени Ангеловски

Ова беше историска вечер, не поради тоа што игравме на Европско, туку поради тоа што капитенот и селекторот ја напуштија репрезентацијата. Горан Пандев се пензионираше во репрезентативниот дрес и вечерва за последне пат го облече црвено-жолтиот дрес, додека пак селекторот Игор Ангеловски – Мрме, вечерва ја одржа последната прес конференција со новинарите.

Договорот на Мрме истекува на 30-ти овој месец, а по тој датум и формално-право тој веќе не е селектор, но со оглед на тоа што репрезентацијата барем до есен нема никакви активности, може и официјално да се каже дека Ангеловски е веќе историја.

Според најавите пак, во јули македонската фудбалска репрезентација треба да го доби новиот селектор. Според информациите до кои дојде SPORTM.mk, тоа ќе биде Благоја Милевски.

Инаку Игор Ангеловски е еден од селекторите кој најдолку се задржа на позицијата селектор на нашата репрезентација.

ПОВРЗАНО

Горан Пандев