На овој ден 13 Октомври се обележуваат 24 години поминати од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација, откако во Крањ, во историски меч ја совладавме Словенија со резултат 4:1.
Во Македонскиот дрес прв гол постигна Зоран Бошковски-Чоко уште во 5-та минута од мечот, а останати стрелци беа: Дарко Панчев, Чедомир Јаневски, Драган Канатларовски-Цапар.
Стартниот состав на Македонија беше:
Горан Јовановски
Бобан Бабунски
Зоран Бошковски
Кире Грозданов
Чедомир Јаневски
Драган Канатларовски
Љупчо Марковски
Ванчо Мицевски
Зоран Мицевски
Илија Најдоски
Дарко Панчев
Прв македонски селектор беше легендарниот Андон Дончевски.