Натпреварот помеѓу Македонија и Полска кој започна во 20:45 по одиграни 45. минути резултатот остана не променет (0:0).
Македонија добро се држеше против фаворитот на овој натпревар. Елмас во 5. минута успеа да се закани на Полска со шут од 25 метри, Фабијански направи одлична одбрана а Беднарек да изби во корнер.
Во 31. минута Барди од 40 метри упати силен удар, кој помина крај голот на Фабијански. На самиот крај на првото полувреме Пандев имаше шанса но не успеа да погоди за водство.
Покрај одличните шанси и добрата игра на Македонија, првото полувреме беше одбележано со голем број на прекршоци.