Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави термините за одигрување на натпреварите од групната фаза на Европското првенство во женска конкуренција, кое во ноември заеднички ќе го организираат Македонија, Словенија и Црна Гора.
Македонската сениорската женска репрезентација е дел од групата Ц заедно со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија.
Прв противник на македонската репрезентација ќе биде Франција, на 5 ноември со почеток во 18 часот.
Два дена подоцна македонските ракометарки ќе играат против Холандија, а во последното, трето коло од групната фаза против Романија.