Иако Македонија беше благ фаворит против Бугарија не успеа да го оправда статусот на фаворит.
На гостувањето кај Бугарија, натпреварот заврши 1:1.
Нашите репрезентативци покажаа далеку подобра игра од противникот, но Бугарија прва стигна до водство во 13. минута преку Десподов.
Despodov 😍 pic.twitter.com/5cm7hbWeMk
— Goncalodias17 (@goncalo_diass17) June 2, 2022
Ова беше осми меѓусебен натпревар на двете репрезентации, прв официјален и втор нерешен исход. Претходно Македонците имаат две победи, Бугарите четири.
За време на целиот натпревар „црвено-жолтите“ беа бодрени од стотина гласни македонски навивачи.
Потоа се редеа шанси пред бугарскиот гол, а најдобрите во првото полувреме ги пропуштија Енис Барди и Елиф Елмас. Македонија дополнително го притисна ривалот во второто полувреме со влегувањето во игра на Давид Бабунски и на Бојан Миовски кои ги заменија Дарко Чурлинов и Александар Трајковски.
Набргу Милан Ристовски донесе изедначување, совладувајќи го противничкиот голман Николај Михајлов во 50-та минута откако топката дојде до него по мешаница во шеснаесетникот на домаќинот.
Ristovski!!!pic.twitter.com/YXjmVPANku
— Goncalodias17 (@goncalo_diass17) June 2, 2022
Во следното коло, македонската репрезентации гостува кај Гибралтар (5 јуни), а потоа јунскиот прозорец гон продолжува со два домашни натпревара, со Грузија (9 јуни) и Гибралтар (12 јуни).