Македонската репрезентација денеска ремизираше на гостувањето кај Грузија во рамките на Лигата на Нации. Иако со играч помалку на теренот, сепак успеавме да го зачуваме резултатот од 1:1 и да заминеме со бод од Грузија.
Резултатот го отвори домаќинот уште во 13. минута од натпреварот. Окријашвили погоди за водство на домаќинот од 1:0.
Во 33. минута од натпреварот нашата репрезентација дојде до изедначување. Стефан Ристовски ја затресе мрежата на противникот и изедначи на 1:1.
Нашата репрезентација од 64. минута играше ослабена на теренот. Муслиу заработи црвен картон и ја отежна работата на теренот на нашата репрезентација. Но сепак, и покрај тоа што бевме со играч помалку успеавме да го сочуваме резултатот од 1:1 и да заминеме непоразени од Грузија.