ФУДБАЛ

Македонија прави притисок на гостувањето кај Грузија, 1:1 на полувреме

Нашата репрезентација денеска го игра второто коло од Лигата на нации, на гостувањето кај Грузија, на стадионот „Борис Пајчаѕе“.

Нашите репрезентативци лошо го започнаа натпреварот, па во 13. минута беше направен прекршок во шеснаесетникот, а Окриашвили беше прецизен и ја доведе домашната екипа до водство.

По долг пресинг и солидна игра на репрезентативците на Македонија, во 33. минута Ристовски успеа да го израмни резултатот на 1:1.