Попладнево во Љубљана, се одржа жрепка за баражите за пласман на Светското првенство 2023 во ракомет во женска конкуренција, чии домаќини се Данска, Норвешка и Шведска.
Македонската репрезентација ќе игра бараж против селекцијата на Украина и може да се каже дека ова е противник по мерка со оглед на останатите селекции кои беа можни противници.
Првиот бараж меч ќе се игра во април следната година, на 7 или 8 во Скопје, а реваншот една недела подоцна.
