Македонската репрезентација вечерва го одигра натпреварот против Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Светското првенство. Нашата репрезентација одигра одличен натпревар на гостувањето кај Лихтенштајн и издвојува голема победа од 4:0 вредна три бода.
Нашата репрезентација започна со отворена игра. Уште од самиот старт нашите репрезентативци започнаа силно и се обидоа да постигна гол.

Мрежата се затресе најпрво во 18. минута од натпреварот кога ударот на Елмас се одби од Трајковски и заврши во голот, но судијата го крана знаменцето сигнализиракќи офсајд во кој се најде Трајковски.
Во. 29. минута од натпреварот Елмас повтороно се обиде со силен удар од далечина, но не беше прецизен.
Во 31. минута Адеми напорави убав продор, го проигра Алиоски кој шутираше, но таа топка не ја зафати баш најдобро и стигна до Чурлинов кој некако успоеа да шутира, но пречката беше сојузник на домашниот голман.

Нападите на нашата репрезентација продолжијоа, а следната шанса Македонија ја имаше во 35. мин ута од натпреварот кога Трајковски од прекин одлично центрираше и го пронајде Елмас кој со глава шутираше покрај голот.
Моментот кој сите го чекавме се случив о 39. минута. Дарко Велковски ја искористи гужвата во шеснаесетникот и погоди за водство на Македонија од 1:0.

Во второто полувреме започна голгетерската серија на Македонија.
Најпрво Алиоски од пенал, кој беше направен над Адеми, беше прецизен и му донесе водство од 2:0 на Македонија во 66. минута од натпреварот.
Потоа во 74. минута од натпреварот Бобан Николов беше прецизен и зголеми на 3:0, а во 83. минута Чурлинов ги постави конечните 4:0.

Треба да се напомене и дека победата на Германија над Романија, и ремито на Ислан и Ерменија, одат во прилог на нашата репрезентација, затоа што сега Македонија оди на втората позиција на табелата, Германија останува лидер со 18 бодови, на третата позиција е Ерменија кој има ист број бодови со Македонија (12), потоа Романија (10), Ислан (5) и последна во групата е репрезентацијата на Лихтенштајн со 1 бод.