Доволно беше едно одлично второ полувреме за Македонија да стигне до голем бод против четрикратниот светски првак Италија. Домаќините доминираат во Торино во првиот дел и во 40-ттата минута постигнаа гол преку Киелини, а Трајковски израмни во вториот дел.
Со две победи, една против Лихтенштајн, а другата против Израел и ремито против Италија, Македонија ги привршува квалификациите за СП Русија 2018. Селекторот Ангеловски вели дека техничкиот аспект бил пресуден за синоќешниот натпревар.
Денеска Македонија одмора, а утре репрезентативците се собираат во Струмица за натпреварот против Лихтенштајн кој се игра в понеделник. На него нема да настапат Спировски и Велковски, а се очекува враќањето на Аријан Адеми заедно со младите Елиф Елмаз и Никола Ѓорѓиев.