ФУДБАЛ

Македонија – Словенија: Првото полувреме без голови

Словенците имаа шанса преку Стојановиќ во 8-та минута, но неговиот удар беше блокиран.

Во 17-та минута Вербиќ шутираше од шеснаесетникот, но топката отиде директно во рацете на Димитриевски. Во 18-та минута, сепак, сешнаесетникот на Облак беше во опасност од шутот на Елмас, но немаше гол. Во 20-та минута шутот на Вербиќ повторно беше блокиран. Една минута подоцна Николов се обиде со удар од далечина, но немаше проблеми за Облак.

По 41 минута на теренот, имаше мало недоразбирање помеѓу двата тима. Куритиќ, Муслиу и Ристовски добиа жолт картон.

Во 2-та минута од судиското продолжение, Елмас шутираше и постигна гол. Но, судиите го поништија голот, бидејќи Несторовски беше во офсајд позиција, што го попречи Облак.

ПОВРЗАНО

Елиф ЕлмасСтоле Димитриевски