Македонската фудбалска репрезентација се зацврсти на табелата во Лигата на Нации во својата група откако вечерва на гостински терен забележа убедлива победа од 3:0 против Летонија. Атанасов во 35-та, Ќамили во 70-та и Елиф Елмас во третата минута од судиското продолжение погодија за убедлива победа. Следниот меч Македонија го игра против Ерменија на гостински терен за три дена, а доколку победиме, тогаш ќе биде освоено и првото место во Групата 4 во рамките од Ц лигата на Лигата на нации. Инаку, Македонија редовно ја победува Летонија. Заедно со вечерашната пресметка, вкупно се одиграни четири меѓусебни мечеви, а сите четири ги добил нашиот национален состав. Следната пресметка со Летонија во ноември.
Standings provided by Sofascore
