Денеска младинската репрезентација на Македонија го одигра 2. коло од квалификациите за ЕП.
На гостувањето кај Црна Гора, нашата репрезентација славеше победа од 2:1.
Резултатот го отворија домаќините во 10. минута со голот на Мерис Скендеровиќ (1:0), но пробелите за Македонската репрезентација на траеа долго, во 14. минута Јани Атанасов постигна гол за израмнување на резултатот (1:1).
Во 33. минута Јани Атансов од пенал постигна гол и му донесе водство на Македонската репрезентација (1:2).
Македонија со оваа победа го завзеде првото место во Група 6, во која покрај Црна Гора се нaoѓаат и Шпанија, Казахстан, Израел и Фарските Острови.
Македонија има 6 бода, исто толку има и второ пласираната Шпанија, но нашата репрезентација има подобра гол разлика.