Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 20:45 часот игра против Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Овие две селекции во досегашната историја имале три меѓусебни пресметки, а вечерашнава ќе биде четврта. Двамеча се одиграни во рамките од квалификациите за пласман на ЕП во 1996-та година. Тогаш Данска на домашен терен победи 1:0, а на „Градски“ во Скопје беше 1:1.
Уште еден меч е одигран во Скопје, во 2013-та година и тоа беше пријателски дуел. На тој меч Македонија победи со 3:0, а гловите тогаш ги постигнаа Пандев, Ибраими и Новески. Интересно е тоа што овие тројца сега се во раководните структури на ФФМ. Друг интересен факт е тоа што на тој меч, нашите репрезентативци настапија во жолта спортска опрема, а таков ќе биде случајот и вечерва во Копенхаген. Па, зошто да не се повтори 2013-та?!
