Денеска со почеток од 18:00 часот се одржа ждрепката за третото издание на УЕФА Лигата на нации.
Македонија се наоѓа во Лига Ц, во Група 4, заедоно со Бугарија, Грузија и Гибралтар.
ЛИГА Ц:
Група 1: Литванија, Фарски Острови, Луксембург, Турција
Група 2: Косово, победник од дуелот Кипар/Естонија, Грција, Северна Ирска
Група 3: Азербејџан, победник од дуелот Казахстан/Молдавија, Белорусија, Словечка
Група 4: Македонија, Грузија, Гибралтар, Бугарија
Натпреварите од Лигата на нации ќе се играат во јуни и септември 2022 година. Од 2 до 14 јуни ќе се одиграат дури четири натпревари, а преостанатите две кола се закажани за 22 до 27 септември 2022 година.
Распоред на натпревари:
Коло 1 и 2: 2–8 јуни 2022 година
Коло 3 и 4: 8–14 јуни 2022 година
Коло 5 и 6: 22–27 септември 2022 година
Полуфиналиња: 14 и 15 јуни 2023 година
Финале и натпревар за трето место: 18 јуни 2023 година
Плеј-аут: 21–23 и 24–26 март 2024 година