Македонија секојдневно губи животи поради коронавирусот. На социјалната мрежа Фејсвук, попладнево градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари соопшти дека починал поранешниот ракоментар Саше Ѓорѓески.

„Секој изгубен живот од КОВИД-19 е тажна вест за мене и граѓаните. Денес Гостивар изгуби голем спортист и човек како што беше Саше Ѓoрѓески, поранешен ракометар и голем придонесувач за развојот на спортот во нашиот град. Почивај во мир Сашо, и искрено сочувство до семејството“, се вели во фејсбук статусот на Таравари.
Ракометниот работник од Гостивар, Саше Ѓорѓески, утрово ја изгуби битката со корона вирусот на 53-годишна возраст.
Гостиварчани и љубителите на ракометот на социјалните мрежи се простуваат од поранешниот ракометар во екипите на Гостивар и Југ, а подоцна и ракометен судија.
Се до инфицирањето со вирусот, тој бил на позицијата делегат. Негов син е ракометниот голман во Металург, Даниел Ѓорѓески.