Македонската ракометна репрезентација се најде во вториот шешир во пресрет на жрепката за квалификациите за ЕП кое треба да се одигра во 2022.година.
Жрепката ќе се одржи на 16 јуни, а почетокот е закажан за 17 часот.
Квалификациските натпревари се играат на 4/5 и 8/9 ноември 2020, вториот круг е на 10/11 и 13/14 март, 2021 додека последното коло е на програмата 29 април и 2 мај.
Домаќин на ЕП 2022 се Унгарија и Словачка.
Жрепка за квалификации за ЕП 2022
Прв шешир: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.
Втор шешир: Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.
Трет шешир: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска, Белгија.
Четврти шешир: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.