ФУДБАЛ

Македонија загуби од Саудиска Арабија, ама голот на Трајковски мајсторија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација попладнево загуби на пријателскиот меч од Саудиска Арабија со 2:1 одигран на неутрален терен во Прага. Македонија поведе со голот на Трајковски во 40-та и тоа каков гол, велемајсторски со ножички. Сепак до крајот примивме два гола, најнапред во 45-та погоди Али Бураикан, а потоа во 78-ма Ал Хамдан погоди за конечни 2:1. Ова беше пријателски меч, контрола пред дуелот со Лихтенштајн во квалификациисте за пласман на СП. На овој меч селекторот Милевски испроба неколку новини, им даде шанса на дел од новајлиите.