Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со победа ги започна натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство победувајќи ја Швајцарија со 2-1, иако на полувремето имаа негатива од 1 разлика.
Швајцарците поведоа со голот на Филип Угриниќ во 33.минута поведоа со 1-0, меѓутоа македонските фудбалери во второто полувреме брзо се вратија. Изедначувањето дојде во 56.минута преку Трајановски. Само пет минути подоцна беше досуден пенал за црвено-жолтите кој го реализира Атанасов за победа на Македонија од 2-1.
Во вториот меч од оваа група Белгија го совлада Лихтенштајн со 3-0.
Пласман во Елитната група ќе обезбедат двете прво пласирани селекции.