Македонски фудбалски таленти добија професионален договор со Хајдук
Двајца млади фудбалери, родени во 2002 година потпишаа професионални договори со Хајдук. Станува збор за Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов, кои доаѓаат од екипата младинскиот погон на Вардар и се дел од репрезентацијата за играчи до 19 години.

Според тоа што го соопшти хрватскиот клуб, Омерагиќ и Игњатов најнапред ќе бидат ангажирани за младинскиот погон на Хајдук, а секако доколу има потреба и во првиот тим.