Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за предстојните четвртфинални натпревари на женскиот младински светски првенство. Меѓу избраните судии се и македонскиот судиски пар, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои ќе бидат задолжени за еден од клучните мечеви на турнирот.
Тие ќе ја судат пресметката меѓу женските младински репрезентации на Унгарија и Исланд, која е закажана за 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. За нив ова не е прво судење на овој шампионат, туку продолжение на нивната одлична форма, бидејќи претходно имаа улога во четири натпревари.
Со овој ангажман, Божиновски и Начевски продолжуваат да го засилуваат својот интернационален углед, потврдувајќи го квалитетот на македонското ракометно судење.
