Лука Трпевски, македонски фудбалски талент, на свои само 15 години потпиша професионален договор со најтрофејниот српски клуб Црвена Звезда. Лука е роден во Скопје, но веќе извесен период е во Белград, каде што игра за пионерската селекција на „Црвено-белите“. Во текот на вчерашниот ден, во друштво на претседателот – Светозар Мијаиловиќ и директорот на Младинската школа – Никола Јелиќ, младата ѕвезда Лука Трпевски потпиша професионален договор. Талентираниот напаѓач е роден во 2010 година во Скопје.

