По подолго време Елиф Елмас постигна гол во италијанската Серија А. На мечот со Аталанта (2:1) одигран во саботата, тој го постигна победничкиот гол за својот тим и тоа по само неколку минути минати на теренот. Настапот и голот против Аталанта му донесоа оценка 7, што беше доволно да се најде во тимот на колото во Италија.

Наполи утре го очекува дуел со Реал Мадрид во ЛШ. Ова е тешко гостување за Наполи и новиот тренер Мацари кој викендов дебитираше со победа. Извештаите во Италија велат дека постои голема веројатност во составот во Мадрид на Наполи од првата минута да се најде Елиф Елмас.
