Барселона беше голем фаворит во дуелот против Рајо Ваљекано на стартот од Ла Лига, но на својот стадион одигра само нерешено – 0:0.
Барселона се збрка веќе на стартот од шпанското првенство. Избраниците на Чави освоија само бод против Рајо Ваљекано, кој знаеше да им се закани на Каталонците, но најмногу се бранеше.
Јунак на победата беше голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, кој ги одбрани сите пет удари кои влегоа во рамката од неговиот гол.
Како се ближеше крајот на натпреварот, Барселона го зголеми притисокот, а Чави ги фрли сите карти во нападот, на половина час пред крајот на натпреварот ги внесе Фати, Де Јонг и Роберто, а малку подоцна Кеси и Аубамејанг. .
А, Каталонците ги имаа најдобрите шанси во финишот, најпрвин Де Јонг одлично му одработи на Левандовски, кој од 15-тина метри во 82. минута беше речиси непрецизен.
Потоа, неколку минути подоцна, кога Димитриевски веќе беше совладан, топката од гол линијата ја исфрли Катена по ударот на Фати, таа се одби до Дембеле, кој беше непрецизен. Во третата минута од натпреварот Бускетс доби црвен картон и со тоа ја комплетираше мрачната вечер за Барселона.
Конечно, многу интересен податок, Димитриевски не прими гол против Барселона на последните три средби! Со 0:0 на стартот од оваа сезона, минатата година тимот на македонскиот голман двапати победи со 1:0 против еден од двата најголеми клуба во Шпанија.