КОШАРКА

Македонскиот кошаркарски бисер од следната сезона ќе има нов клуб, но останува во Шпанија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ на крајот од сезоната ќе го напушта Хувентуд, а следна дестинација на најдобриот македонски кошаркар во моментов ќе биде шпанскиот прволигаш Валенсија.

Ова го тврди  „Инсајд Баскет“, специјализиран медиум за шпанската кошарка и  според кој сите детали од преселбата на Димитријевиќ во Валенсија се веќе договорени.

Договорот на Македонецот истекува на крајот од сезонава, а од неколкуте понуди на маса тој ја избрал токму онаа на Валенсија.