Македонија забележа пад од две места на последниот клупски ранкинг на Европската куќа на ракометот (ЕХФ). Eвропската ракометна федерација, ЕХФ, го објави клупскиот ранкинг за сезоната 2022/23, според кој Македонија има пад од две места и сега е шеста, но и понатаму има загарантирано едно место во Лигата на шампионите за мажи.
Сега нашата земја е на шестата позиција, што значи дека првакот во сезоната 2021/22 ќе има директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
На врвот на оваа листа е Германија со 145 бода, зад неа а Шпанија, која забележа скок од едно место, ја симна Франција на третата позиција. Скок на оваа листа направија Унгарија и Данска, овие две земји беа зад Македонија минатата сезона.
