Репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година доби супер тешка група за квалификациите за пласман на ЕП, кое во 2023-та година ќе се одржи во Романија и Грузија. Македонските надежи се најдоа во групата Х, заедно со селекциите на Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Само првите две селекции во групата обезбедуваат пласман на завршниот турнир.