КОШАРКА

Македонските кошаркари немоќни против Русија

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа четвртиот пораз од исто толку мечеви во квалификациите за ЕП. Попладнево се убедливо поразени од Русија со 99:77. Веројатно исцрпени од вчерашниот меч со Италија, денеска одиграа далеку послабо од она што го видовме со „Азурите“.

Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Војдан Стојановски со 18 поени и Џејкоб Вајли со 16. На спротивната страна Џоел Боломбој со 19 поени беше најефикасен.

Задутре Македонија го игра вториот меч со Италија.