ФУДБАЛ

Македонските репрезентативци Тошевски и Најдовски со Тирана во следното квалификациско коло за ЛШ (ВИДЕО)

Кристијан Тошевски и Филип Најдовски, заедно со Тирана го совладаа Динамо Тбилиси со 2:0 и се квалификуваа во следното квалификациско коло од ЛШ.

Со победата над грузискиот тим, Тирана за следен противник на патот во ЛШ го има српскиот клуб Црвена Звезда.

https://youtu.be/Xl3Zl2mX9HM

Головите за Тирана ги постигнаа Тораса и Исмајлгечи, а Тошевски и Најдовски го играа целиот натпревар, од прва минута.