ФУДБАЛ

Малдини: Се обидов да го доведам Меси во Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини, откри дека како менаџер на „росонерите“ се обидел да го донесе Лионел Меси на „Сан Сиро“ кога ја напуштил Барселона.

 

Паоло Малдини е играчка легенда на Милан, но и како директор успеа да направи некои големи работи за клубот. И се обиде нешто големо, пишува football-italia :

Десет дена се обидувавме да го донесеме Меси во Милан, но потоа сфативме дека тоа е невозможно“, призна Паоло Малдини и додаде:

„Сега е доцна, но играч како Меси е спектакл…

И уште нешто:

„Кога прочитав дека можеби ќе замине во Интер, се исплашив!

Лео Меси беше слободен играч кога неговиот договор со Барселона истече во летото 2021. Каталонците повеќе не можеа да си дозволат да го ангажираат. По неколку недели неизвесност и предлози од различни страни, Меси конечно потпиша за Пари Сен Жермен во август 2021 година.

Тоа искуство траеше само две години и аргентинскиот интернационалец сега настапува за Интер Мајами во МЛС лигата.