ФУДБАЛ

Малкумина го посрамотија Меси како синоќешниот Паје: на Аргентинецот му здодеа по дриблањето (ВИДЕО)

Марсеј и ПСЖ одиграа дерби синоќа на Веледром каде не видовме голови.

На натпреварот помеѓу Марсеј и ПСЖ недостасуваа само голови бидејќи на ова дерби видовме неверојатна борба на теренот, но и фантастична атмосфера на трибините.

Овој натпревар беше најдобар показател за Лионел Меси во каква лига дојде бидејќи обезбедувањето го заштити додека изведуваше корнер откако навивачите го гаѓаа со разни предмети од трибините.

Потоа додека Меси беше во напад, еден од навивачите на Марсеј истрча на теренот и застана, поради што на Аргентинецот му беше нејасно што се случува.

Дека тоа беше „огнено крштевање“ за Меси најдобро покажува неговиот дуел со Димитри Паје.

По одличниот дриблинг на Паје, Меси беше „збришан“, што ги воодушеви навивачите на трибините, кои со громогласен аплауз го поздравија потегот на Паје.