Манчестер јунајтед постигна договор со португалскиот играч од средниот ред Бруно Фернандес за трансфер во јануари. На Португалецот му е понуден петгодишен договор на „Олд Трафорд“.
За да се постигне оваа зделка, агентот на Бруно и претставниците на Манчестер Јунајтед се состанаа неколку пати во последните неколку дена.
Договорот со кој се согласија двете страни ќе го задржи 25-годишниот фудбалер во Манчестер Јунајтед до 2025 година.
Сега сè што останува е согласноста на португалскиот клуб да го продаде својот играч. Англиските медиуми веќе пренесуваат дека Манчестер Јунајтед контактирал со Спортинг и му кажал за желбата на играчот да игра во Премиер лигата.
Англискиот клуб ќе се обиде што поскоро да постигне договор со клубот и да го комплетира овој трансфер бидејќи му треба засилување во средниот ред, причина за тоа се некои повреди.